Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Од:

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул присуствуваа на настан посветен на придонесот на турските телевизиски серии за имиџот на Турција во светот.

На „Глобалната приказна за турскиот бренд – турски ТВ серии“ беше истакнато дека една милијарда луѓе во 170 држави гледаат турски серии.

– Турција е помеѓу трите најголеми извозници на ТВ серии во светот, изјави шефот на Дирекцијата за комуникации, Бурханетин Дуран.

Тој додаде дека извозот на турски серии на странските пазари во раните 2000-ти години изнесувал околу 10 милиони долари, а денес надминува една милијарда долари.

– Меѓународниот подем на турските серии не е проект за културна хегемонија, туку ја одразува способноста на Турција да создава свои приказни и да ги презентира на различни општества, истакна Дуран.

Министерот за култура, Мехмет Нури Ерсој посочи дека турските серии го зголемуваат интересот за Турција.

Според него, турските серии станаа стратешка предност, чија важност далеку ја надминува нивната економска вредност, бидејќи го зголемуваат интересот за турскиот јазик, култура, гастрономија и туристички дестинации.

Би можело да ве интересира

Среќна грепка – за помалку од две евра доби награда од над 142.000 евра

А1он

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел

Турција го реорганизира рударството за да ја намали зависноста од увоз, Македонија не го активира ниту потенцијалот на Иловица

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Подобрена e состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода

Мерџановски: Со владин авион во Скопје транспортиранo e момчето кое се повреди на одмор во Турција