Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал се искачи на најмалку 157, а Геолошкиот завод на САД соопшти дека катастрофата не е предизвикана од земјотрес, туку од масивно лизгање на земјиштето што го предизвикало тресењето на земјата.
ये कोई फिल्मी सीन नहीं, नेपाल में आई बाढ़ से होने वाली तबाही का नज़ारा है, जो बेहद ख़ौफ़नाक मंजर दिख रहा है,एक के बाद एक पुल टकराकर बह गए।#नेपालबाढ़ #nepal #नेपालन्युज #Prayerfornepal 🙏 pic.twitter.com/ARzOW5Grns
— संजीव झा 🚩 (@jhasanjeev95) August 26, 2026
Геолошкиот завод на САД (USGS) соопшти дека катастрофата не е предизвикана од земјотрес, како што првично се веруваше, туку од масивно лизгање на земјиштето толку силно што сеизмографите регистрирале тресење на земјиштето еквивалентно на земјотрес со јачина од 5,2 степени.
„Овој настан првично беше регистриран како земјотрес со јачина од 4,4 степени. Дополнителната анализа на долгопериодични сеизмички бранови покажа дека сеизмичката енергија всушност е генерирана од лизгање на земјиштето“, соопшти USGS.
Геологот Ден Шугар, професор на Универзитетот во Калгари, рече дека снимката покажува голема количина снег што се топи во 24 часа пред катастрофата. Тој изјави дека некои глечери биле покриени со снег претходниот ден, додека следниот ден биле претежно голи, што укажува на невообичаено високи температури. Шугар, врз основа на сателитски снимки, исто така процени дека долниот дел од глечерот се откршил на околу 5.200 метри надморска височина и паднал на дното на долината, околу 1.200 метри под него.
Тој додаде дека градежните работи исто така би можеле да бидат фактор, додека останува да се утврди дали климатските промени одиграле улога во катастрофата.
Според податоците на Обединетите нации, планините во Непал изгубиле речиси една третина од својот мраз за нешто повеќе од 30 години поради глобалното затоплување. Глечерите во Непал се стопиле за 65 проценти побрзо во изминатата деценија отколку во деценијата пред тоа.
Најмалку 157 тела се пронајдени во катастрофални поплави и лизгање на земјиштето, потврди локалната полиција. Снимките од различни делови на земјата покажуваат како порои се уриваат и однесуваат цели згради.
Најголемиот број жртви, 64, се пронајдени во округот Читван. Дваесет и седум тела се пронајдени во Дадинг, 22 во Навалпараси Исток и 19 во Горка.
Во Нувакот се потврдени 13 смртни случаи, во Танахун девет и во Расу три.
Повеќе од 3.300 полицајци се распоредени во погодените области, додека 49 повредени лица моментално се на болничко лекување.
