СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Од:

Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се речиси цело раководство), шеф на организираната криминална група, сега не може да им каже на своите гласачи дека сè било лага. Не може да им каже дека нема подобри услови, дека нема гаранции, дека нема „половични”- членства со Вучиќ, дека нема ништо од тоа. Не може да им го каже тоа, но веќе и не мора – денес тоа им е јасно на сите. Сега се обидува да протурка нова теза, велат од СДСМ.

– Нема ЕУ – вели Мицкоски, премногу им дадовме, а не добивме ништо. Воопшто не спомнува дека не ги завршил реформите што ги вети уште во јуни, со пролонгирањето од една година што го доби минатата година. Што вели Мицкоски? Вели дека би бил пресреќен за воведување уште построги визи за македонските граѓани – затоа што не очекува укинување на сегашните, каде што сме на листата на трети земји… туку вели дека ќе има уште поцврсти врски и соработка.

Но што сака всушност да објасни? Дека ѝ врти грб на ЕУ, ја оддалечува земјата и го блокира европскиот пат. Мицкоски сака да каже дека Македонија, наместо во ЕУ, треба да биде во релација само со САД, нашиот најважен стратешки партнер. Некој треба да му објасни на Мицкоски дека оваа приказна за спинување на блокирањето на ЕУ-патот и целосна изолација на земјата не поминува со оваа теза. Членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност. Стратешките партнерства се компатибилни. Ако го напушташ европскиот пат тоа значи и напуштање и стратешкото партнерство со САД. На Македонија ѝ е местото во ЕУ, со стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и така треба да остане. На сите денес им е јасно дека стравот од независното европско обвинителство кај Мицкоски е голем колку Америка, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Горан Наумовски

Мицкоски: Скандалозна одлука – 14 лица загинаа, а предметот за модуларната болница е затворен

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски