Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека шири „лаги, манипулации и дезинформации“.

„Филипче на денешната прес-конференција ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека Филипче, како што велат, нема допир со реалноста и го обвинуваат дека е под влијание на поранешниот премиер Зоран Заев.

„Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека официјалните податоци на Државниот завод за статистика се демант на, како што ги нарекуваат, тврдењата на Филипче.

Во однос на изборите, ВМРО-ДПМНЕ оценува дека единствениот кој не сака соочување со граѓаните е лидерот на СДСМ.

„Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните“, се додава во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски