Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната

Од:

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека Владата прави се што може за да им помогне на транспортерите. Склучува, како што рече, билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната.

-Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решение. Се работи за правила во Шенген зоната и за правила кои ги уредува Шенген зоната. Она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите-членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме, веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме на договор со други земји. Во септември е најавена средба на високо ниво со aвстриската Влада, а во октомври е најавена средба и со словенечката Влада, изјави Николоски по посетата на Струга, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавта за протести на македонските превозници.

Тој напомена дека се работи на ова поле и со Германија, а целта е да бидат покриени рутите каде македонските транспротери најчесто одат.

-Ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји што се расположени за таа работа. Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија, Хрватска и Романија веќе има договор. Работиме и со Герамјија и на тој начин ги покриваме земјите каде има најголема фреквенција. Тоа е она што ние можеме да го направиме и го правиме во овој период, напомена Николоски.

Би можело да ве интересира

Превозниците ќе протестираат пред Делгацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски

Николоски: Невозможни се барањата на нискобуџетната „Рајан ер“

Катерина Ѓуровски

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот

Предраг Петровиќ

Николоски: Решение за транспортерите со ЕУ е на повидок