Николоски: Невозможни се барањата на нискобуџетната „Рајан ер“

Од:

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека навозможни се условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ да влезе на македонскиот пазар. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата.

-Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада – рече Николоски.

Како што кажа, барањето на „Рајан ер“ е 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за скопскиот аеродром, приоритетно да се опслужуваат нивните аеродроми, да не се користат никакви услуги на скопскиот и охридскиот аеродром, а компанијата има дури и сопствени скали во авионите.

-Барањето е да ги откажеме и дел од дестинациите кои што ги имаме – рече Николоски, кој беше на настан за отворање на градски пазар во Виница.

Би можело да ве интересира

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот

Предраг Петровиќ

Николоски: Решение за транспортерите со ЕУ е на повидок

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика

А1он

Николоски уверува дека составот на Извршниот комитет ќе обезбеди успех на парламентарните, претседателските и локалните избори

Горан Наумовски

Николоски: Брисел ги прифати барањата на македонската влада, возачите се прифатени како професионалци