И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Од:

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“.

Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство подразбира високи еколошки стандарди, примена на современи технологии, континуиран мониторинг и силна институционална контрола.

„Никој не треба од јавноста да бара слепо да верува во кој било рударски проект. Но, исто така, никој не треба да бара од јавноста да верува во обвинувања кои не се поткрепени со стручни анализи и релевантни докази. За секој проект треба да зборуваат фактите, техничката документација, научните проценки и законските процедури“, велат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата нагласуваат дека секој рударски проект мора да биде подложен на сериозна и независна проценка. Прашањата поврзани со водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот, безбедноста и рекултивацијата се легитимни и неопходни, но нивните одговори треба да произлезат од стручни анализи и институционални процедури.

Од „И здравје и работа“ сметаат дека во дебатата не треба да се занемарува ниту економскиот придонес што современото рударство може да го има за државата.

„Кога зборуваме за рударството, мора да зборуваме и за неговиот потенцијал да создава нови работни места, да го зголеми извозот, да носи приходи во државниот и локалните буџети и да отвора простор за развој на домашните компании. Секако, ниту една економска придобивка не може да биде оправдување за непочитување на еколошките стандарди. Но, исто така, ниту една претпоставка за можен ризик не смее однапред да биде причина да се отфрли инвестиција без да се разгледаат фактите и стручните проценки“, велат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата нагласуваат дека критичката јавност е неопходна, но критиката не смее да значи однапред донесен заклучок дека секој рударски проект е опасен, дека секој експерт кој зборува за рударството има скриен интерес или дека секој кој има поинаков став е против заштитата на животната средина.

Од иницијативата додаваат дека Македонија не треба да ја сведува дебатата за рударството на изборот „или екологија или рударство“.

Дебатата треба да се води околу тоа дали можеме да имаме рударство кое ги почитува највисоките еколошки стандарди, а истовремено да создава економска вредност за државата и граѓаните. Одговорот треба да го дадат науката, стручната јавност и институциите, а не стравот и политичките поделби“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата повикуваат на отворена, аргументирана и конструктивна дебата, во која ќе има простор и за критички ставови, но и за мислењето на стручните лица, без нивно дискредитирање или замолчување.

 

Би можело да ве интересира

„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Горан Наумовски

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

„И Здравје и Работа“: Падот на рударството е предупредување – на Македонија ѝ се потребни нови инвестиции, а не нови блокади

А1он

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“се неодговорни – цената ќе ја платиме сите