Пентагон: Над 750 американски војници се ранети во операциите против Иран

Од:

Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, покажуваат податоците на Пентагон.

Од нив повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци.

Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само штури информации за околностите во кои биле ранети војниците, како и за евентуалната штета на американските воени бази во конфликтот.

Иако голем дел од повредените се водат како жртви поврзани со операцијата „Епски гнев“ што е официјалното име на конфликтот, Пентагон кон крајот на јули воведе нова категорија „Операции во странство“ во системот за евидентирање на воените загуби.

Од Пентагон објасниле дека промената е направена бидејќи операцијата „Епски гнев“ завршила, а загубите поврзани со последните напади се евидентираат во новата категорија.

Би можело да ве интересира

Русите одговорија: „Не вршиме притисок врз никого, виновна е безобѕирната Америка!“

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени кон девет субјекти и три поединци

Арагчи: „Економскиот Д-ден“ на Трамп ќе заврши со нов пораз за САД

Трамп најавува најразорна економска операција против Иран

ВИДЕО: „Најразорна економска операција“, најави Трамп за Иран и за земјите кои му помагаат

Американскиот јавен долг за првпат надмина 40 илјади милијарди долари