Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави дека ќе игра на последниот Гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД, кое ќе се одржи во Њујорк од 30 август до 13 септември, објавија денес шпанските медиуми.
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Алкараз објавил на социјалните мрежи дека ќе игра на турнирот во Њујорк.
Најдобриот шпански тенисер се опорави од повредата на десниот зглоб, која ја доби на 14 април за време на натпреварот од првото коло на турнирот во Барселона против Ото Виртанен.
