Синер го урна Алкарас во Монте Карло и му го одзеде првото место на АТП листата

Од:

Јаник Синер го победи Карлос Алкарас со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) и го освои Мастерс турнирот во Монте Карло, резултат што истовремено му донесе и враќање на првото место на АТП ранг-листата.

Мечот траеше два часа и 15 минути и беше вистинска тениска битка на највисоко ниво, во која Синер на крајот заслужено излезе како победник.

Алкарас започна силно и веднаш направи брејк, но Синер брзо возврати и го врати егалот. Следуваа сигурни сервис-гемови на двете страни, а Шпанецот во деветтиот гем мораше да спасува брејк-топки за да остане во водство.

Првиот сет беше решен во тај-брејк, каде Синер беше поцврст во клучните моменти и со подобра реализација на мини-брејковите стигна до водство од 1-0 во сетови.

И вториот сет донесе голема неизвесност. Алкарас прв стигна до брејк и поведе со 2-1, па дури и го потврди водството по долг гем во кој спаси две брејк-топки.

Сепак, Синер одговори со серија од три добиени гема и комплетно го сврте моментумот. Во седмиот гем искористи трета брејк-топка и се врати во игра.

Клучниот момент дојде во осмиот гем на сервис на Алкарас, кога Синер искористи втора брејк-шанса и поведе со 5-3, по што рутински го затвори мечот и го освои трофејот во Монте Карло, потврдувајќи го и своето враќање на врвот на светскиот тенис.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го откажа настапот на Вимблдон

А1он

Синер го израмни рекордот на Ѓоковиќ по број на последователни победи на Мастерс турнирите

Јаник Синер го освои Мастерсот во Мадрид

Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер

ВИДЕО: Медведев му го нанесе првиот пораз на Алкараз годинава, во финалето на Индијан Велс ќе се бори со Синер

Алкараз се пласираше во финалето во Доха

Горан Наумовски