Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

Од:

Бранителот на титулата, Италијанецот Јаник Синер, извојува вечерва полуфинална победа над најтрофејниот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и во неделното финале на Вимблдон ќе игра против Германецот Александер Зверев.

Во репризата од ланското полуфинале на лондонскиот грен слем турнир, Синер доминираше против Ѓоковиќ и беше сè посигурен како што одминуваше натпреварот.

Во првиот сет, Синер не му дозволи на Ѓоковиќ ниту една брејк можност, а ја искористи својата трета шанса за брејк и со 6-4 во гемови дојде во водство.

Иако во вториот сет Ѓоковиќ го подигна нивото на својата игра, сепак, Синер дојде до брек на 3-3 во гемови и поведе со 2-0 во сетови.

Веднаш на почетокот од третиот сет, Синер повторно му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ и ја задржа предноста до самиот крај, пласирајќи се во финалето по два часа и 20 минути игра против рекордерот со 24. грен слем титули.

За Синер ова беше седма победа над Ѓоковиќ во нивниот 12. меѓусебен дуел, а шеста во последните седум дуели.

Противник на Синер во финалето ќе биде Германецот Зверев, кој претходно денеска ја победи најголемата сензација на овогодишниот Вимблдон, домашниот тенисер Артур Фери, со 7-6(0), 6-2, 6-4.

Синер води против Зверев со 10-4 во меѓусебните дуели и има серија од девет победи против германскиот тенисер.

Би можело да ве интересира

Чешките тенисерки Линда Носкова и Каролина Мучова ќе играат во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Бајка на Вимблдон, 114-тиот светски играч е во полуфинале

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Јаник Синер стигна до првото полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он