Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер

Од:

Карлос Алкараз го победи Валентин Васкеро во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло со 2-0 во сетови.

Алкарас победи по нешто помалку од еден час со – 6:4, 6:4.

Со оваа победа, Алкараз го закажа првиот дуел со Јаник Синер во 2026 година, а тоа ќе биде и директен судир за првото место на АТП ранг-листата од понеделник.

Алкараз подобро влезе во натпреварот и не му дозволи на противникот ниту да помисли на брејк, иако се играше на земјена подлога. Мора да се признае, имаше само една брејк-топка, но беше доволна за да поведе со 1-0.

Вториот сет исто така започна добро, тој прв направи брејк, но Васкеро веднаш возврати на задоволство на локалните навивачи.

Аутсајдерот добро се држеше во овој натпревар, на 4:3 имаше 15:30, но Алкараз од тој момент се засили и го реши овој натпревар во своја корист со фуриозна серија во свој стил.

Финалето помеѓу Синер и Алкараз е закажано за недела во 15 часот.

Би можело да ве интересира

Прво издание на ноќната урбана трка „Центар најт ран“

ВИДЕО: Дончиќ „полуде“: Како Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен

Најава за враќањето на Роналдињо на терените: „Магијата никогаш не исчезна, се враќа на 15 ноември“

Предраг Петровиќ

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна