СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

Од:

Христијан Мицкоски повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал, стои во соопштението на СДСМ.

– Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. Тоа не е успех на неговата влада. Тоа е споредба со најтешкиот месец на глобална криза. Платите и пензиите ги дели на месеци, ги крои процентите, па вели „овие бројки не можете да ги лажирате“. Може.

Кога самиот си ја прави анализата, кога бира период, кога го крие апсолутниот износ. Граѓаните не живеат од „70% побрзо“. Живеат од тоа што останува по сметките, киријата и потрошувачката кошница. Дизелот е 100 денари. Пиперката на нива 40. Храната во продавница расте. Фабрики се затвораат. Инвестициите паднаа. Последниот квартал 0,3 %. Тоа се исто бројки. Само не влегуваат во неговата презентација. Долгот го продава како намален, а државата ја задолжија со 2.5 милијарди за две години. Буџетот е „во кондиција“, додека секоја недела има ново задолжување.

Пензиите „325% побрзо“, а за вториот столб се подготвува национализација. Мицкоски вели дека не може да води политика на чувства. Точно. Затоа нека престане да води политика на измислена статистика. Ако му е подобро на граѓанинот, ќе се види во фрижидерот и во паричникот. И двата се празни. Тоа е единствената компаративна анализа што важи.

Нека објави официјални податоци од Заводот, не „лична анализа“. Нека каже колку чини потрошувачката кошничка денес и колку чинеше кога дојде. Нека каже зошто земјоделецот се тепа за 40 денари додека тој држи лекција за раст. Дотогаш ова се бројки за телевизија, не за трпеза, тврдат од СДСМ..

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ако опозицијата побара избори ќе договориме термин, ние сме подготвени да излеземе

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено