Активни се три пожари, еден е под контрола

Од:

Цeнтарот за управување со кризи извести дека до 7.30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден пожар е под контрола, а 33 се изгаснати.

Активни пожари – 3
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Прилеп: с. Чаниште, со два крака – едниот кон с. Зовиќ, а другиот кон с. Крушевица (ниска вегетација).

Пожар под контрола – 1
Општина Делчево: Делчево (депонија).

Изгаснати пожари – 33
Општина Ѓорче Петров 1: с. Волково (ѓубре).
Општина Ѓорче Петров 2: ул. 9 во с. Волково (ниска вегетација, гранки и ѓубре).
Општина Сарај 1: с. Рашче (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Сарај 2: м.в. Лака (ниска вегетација, гранки и ѓубре).
Општина Аеродром: бул. „Киро Глигоров“ (ѓубре).
Општина Арачиново: с. Орланци (депонија).
Општина Могила: с. Мусинци (ниска вегетација).
Општина Новаци: с. Орле (ниска вегетација).
Општина Долнени 1: с. Средорек (ниска вегетација).
Општина Долнени 2: с. Дебреште (депонија).
Општина Долнени 3: с. Мраморани (ниска вегетација).
Општина Радовиш: с. Злеово (дива депонија).
Општина Струмица: помеѓу с. Дабиле и с. Петралинци (дива депонија и ѓубре).
Општини Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село (Општина Велес), приширен кон с. Карабуњиште и с. Бузалково и селата Добрино и Тисовица (Општина Зелениково) (ниска вегетација, шума од даб и габер и квалитетна дабова шума).
Општина Чашка: с. Горно Врановци (ниска вегетација, грмушки и папрат).
Општина Кичево 1: с. Гарани (ниска шума).
Општина Кичево 2: м.в. Девичово, покрај реката Треска (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Кичево 3: м.в. Мексико (стрниште и ѓубре).
Општина Штип 1: с. Љуботен (ниска и нискостеблеста вегетација).
Општина Штип 2: м.в. Турски гробишта (ниска вегетација).
Општина Виница: пат кон с. Лески (ниска вегетација и грмушки).
Општина Кочани: с. Теранци (ниска вегетација).
Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и дабова шума).
Општина Кратово: с. Железница (депонија).
Општина Старо Нагоричане: с. Сув Орах (ниска вегетација, нискостеблеста шума и напуштена плевна).
Општина Ранковце: с. Ветуница (ниска вегетација).
Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација).
Општина Тетово: с. Фалише (ниска вегетација).
Општина Јегуновце: с. Горно Орашје (сува трева и ситни грмушки).
Општина Гостивар 1: с. Здуње (сува трева).
Општина Гостивар 2: помеѓу с. Долна Ѓоновица и с. Симница (ниска вегетација, грмушки и низок багрем).
Општина Гостивар 3: с. Србиново (ниска вегетација и ситни грмушки).
Општини Јегуновце и Сарај: с. Копанце и с. Туденце (Општина Јегуновце), проширен кон с. Бојане (Општина Сарај) (мешана шума).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Повторно се разгоре пожарот во Мариово, не чека тешка ноќ

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

А1он

Маж (70) почина при пожар во Смедерево

А1он

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација