Лавров: Велика Британија е вклучена во нападите на руска територија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија може да го смета директното вклучување на Велика Британија во нападите врз руска територија како учество на Лондон во војната, објави Ројтерс.

Изјавата на Лавров дојде откако британскиот весник „Тајмс“ објави во саботата дека беспилотни летала со долг дострел произведени во Велика Британија биле употребени за прв пат во напади врз цели во Русија.

По објавувањето на овие тврдења, руската амбасада во Лондон, исто така, издаде соопштение, предупредувајќи ги британските власти за можните, но засега неопределени, последици од снабдувањето со беспилотни летала на Украина.

Сепак, британскиот премиер Енди Бернам јасно стави до знаење во вторникот дека Лондон нема да се откаже од својата поддршка за Киев. Тој нагласи дека неговата земја „100 проценти“ ќе ја поддржи Украина во нејзината борба против Русија и дека ќе застане покрај Киев „во време кога најмногу му е потребно“.

Руските власти претходно тврдеа дека британски експерти учествуваат во напади врз цели во Русија. Во исто време, Москва изјави дека ќе ја „земи предвид“ улогата на Велика Британија во одредувањето на сопствениот одговор.

Би можело да ве интересира

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“

А1он

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев