(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Од:

Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните. За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции веднаш ги демантираа. За Гостивар, последните испитувања покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење. Наместо овие информации да бидат поздравени, СДС продолжува со обиди да создава сомнеж, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Прашањето е едноставно, а тоа е зошто на СДС му пречи кога институциите ќе покажат дека системот функционира и дека проблемот е решен? Очигледно е дека освен вештачко создавање на криза, страв и паника, немаат што да понудат. Додека Филипче одмора со Заев на јахтата во Паљури, неговите пајташи се обидуваат од секоја тема да создадат какафонија. Граѓаните заслужуваат факти, а не сценарија за создавање страв и паника. Водата во Гостивар е безбедна за пиење, институциите ја следат состојбата, а СДС треба конечно да разбере дека со ширење паника не се гради доверба кај граѓаните, нагласи Петрушевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски