Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

Од:

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

-Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, наведуваат од Министерството.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството **+389 75 268 736**, на електронската адреса **[[email protected]](mailto:[email protected])**, како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: **+30 694 526 8068** и **+389 71 323 001**.

-Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти, додаваат од МНРиНТ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар, итна евакуација на Халкидики

Предраг Петровиќ

Во Грција расте бројот на заболени од вирусот Западен Нил: Потврдени нови 65 случаи и шестмина починати

Горан Наумовски

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

Четири можни сценарија за хеликоптерската несреќа во Грција

ВИДЕО: Километарски колони кон границата со Грција, блокиран сообраќајот во Стар Дојран

Катерина Ѓуровски

Двајца загинати во судирот на два хеликоптери додека го гаснеа големиот пожар во Грција

А1он