Зеленски од Белград порача дека нема да го признае Косово, стигна одговор од Еди Рама

Од:

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ Балканот.

Зеленски во Белград првпат се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што предизвика дополнителни реакции во регионот.

Одговорот од Косово стигна речиси веднаш. Од главната сообраќајница во Приштина беше отстранет големиот сино-жолт транспарент со натпис „Free Ukraine“, поставен уште во 2022 година.

Градоначалникот Перпарим Рама порача дека сочувствува со „народите кои се соочуваат со војна, насилство и прогон“, но додаде дека „почитувањето мора да биде заемно“.

За ситуацијата денеска се огласи и албанскиот премиер Еди Рама.

„Мојот драг пријател Володимир Зеленски застана во Белград и рече дека Украина не го променила својот став и дека нема да го признае Косово“, напиша Рама.

Тој ги критикуваше реакциите на националистите во Тирана и Приштина, наведувајќи дека некои од нив веднаш повикале да се промени односот кон Украина, а дел дури почнале да навиваат за Русија.

„Каков срам е да се изгуби од вид едноставната вистина дека слободата не функционира по принципот на враќање на парите. Спротивставувањето на агресорска војна и залагањето за праведен мир не е сметка што ќе ја искинете кога жртвата на варварска агресија ќе ве разочара“, порача Рама.

Според него, поддршката за Украина не претставува услуга што треба да биде возвратена, туку прашање на принципи и вредности.

„Среќа е што Албанија не е ситничав човек кој пресметува кој кому што должи, туку Европа на Балканот, која го покажува патот со својата верба во слободата, демократијата и мирот“, напиша албанскиот премиер.

Рама истовремено порача дека Украина греши во односот кон Косово.

„Украина може да биде, и да, греши кога станува збор за Косово. Но, нејзиното право на слобода останува неспорно, а борбата за тоа право значи борба и за Европа и за нас самите“, истакна тој.

„Овие две вистини совршено можат да стојат во иста реченица. Албанија е доволно зрела да ги прифати и двете и така и ќе постапи“, заклучи Рама.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протестите во Албанија се проширија во неколку градови – судири меѓу демонстрантите и полицијата

А1он

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

Немирите во Тирана продолжуваат, Рама изјавува дека нема да поднесе оставка

Горан Наумовски

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади