Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Од:

Сообраќајна несреќа денеска се случи во кичевско кај селото Тајмиште, а во која се повредени се две лица.

Во несреќата учествуваа автомобил и товарно возило.

-Денеска околу осум часот во ОВР Кичево е пријавено дека кај село Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило. Во незгодата со повреди се здобиле едно машко и едно женско лице од патничкото возило и биле пренесени во болница во Кичево, велат од МВР.

Полициски екипи се на терен, а повеќе информации ќе бидат познати по завршување на увидот.

Би можело да ве интересира

Хорор на плажа во Хрватска: Дрво падна врз капачите, меѓу повредените има и деца

Мерџановски: Зголемен број на пациенти кои се повредени во сообраќајки, a регистрирани се и колапси поради жештините

Горан Наумовски

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат