ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

Од:

ДУИ реагира на спотот што Владата го објави по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, оценувајќи дека во него недостасува претставувањето на Албанците и на настаните кои, според партијата, се значајни за развојот на државата.

Од ДУИ посочуваат дека спотот е на македонски јазик и дека во него се застапени македонски уметници, додека Албанците, според нив, се практично изоставени од приказната за трите и пол децении независност.

Партијата особено го проблематизира вклучувањето на Игор Дурловски во спотот, поврзувајќи го со настаните од 27 април 2017 година, кога беше извршен насилен упад во Собранието.

Од ДУИ велат дека во спотот не се споменати Охридскиот рамковен договор, членството на земјата во НАТО, како и Првата меѓувладина конференција со Европската Унија.

Според партијата, станува збор за клучни политички моменти кои влијаеле врз развојот на државата и нејзиното позиционирање во евроатлантските структури.

„35-годишнината од независноста требаше да биде момент да се покаже каква држава изградивме заедно и каде сакаме да ја однесеме. Владата избра да покаже нешто друго“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Од партијата оценуваат дека со ваквиот пристап се создава слика за држава во која Албанците се „невидливи“ и предупредуваат дека, како што велат, станува збор за „враќање назад кое не смее да се нормализира“.

ДУИ во реакцијата ја критикува и ВРЕДИ, со пораката: „Додека Вреди, едноставно, невреди!“

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

2,1 милион евра се вкупните хонорари за изведувачите, Владата не ги кажа поеднинечните хонорари за прославата на независноста

Катерина Ѓуровски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он