Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Од:

Опозициската партија реагираше на начинот на кој било прикажано македонското знаме на официјалната државна прослава по повод 35 години од независноста, обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски за пропуст и непочитување на државниот симбол.

Од партијата велат дека е „срамно и понижувачки“ што, како што тврдат, и покрај големите средства потрошени за организацијата на прославата, било погрешно прикажано македонското знаме.

„Милиони евра народни пари троши Владата на Мицкоски, а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба“, се наведува во реакцијата.

Опозицијата побара од Владата да објасни која компанија била ангажирана за организацијата, кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет и колку средства биле потрошени за прославата.

Од партијата, исто така, побараа да се утврди одговорност за, како што го оценија, пропустот со прикажувањето на македонскиот државен симбол.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

2,1 милион евра се вкупните хонорари за изведувачите, Владата не ги кажа поеднинечните хонорари за прославата на независноста

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он