Аракчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека медијаторите сè уште „се обидуваат да најдат начини за рестартирање на преговорите“, но дека во моментов нема можност за продолжување на разговорите со САД.

„Додека не завршат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите“, рече Аракчи на настан во Центарот за политички и меѓународни студии на иранското Министерство за надворешни работи, објави Тасним.

Тој додаде дека Иран преговара со Оман и дека овие преговори „се однесуваат на одредување на нова морска рута во Ормутскиот теснец“.

„Ние сме во последната фаза и старите рути ќе бидат заменети со нови. Експертите работат на рутите. Секако, ова не значи отворање на Ормутскиот теснец. Овој договор може да се постигне, но отворањето на Ормутскиот теснец е предмет на голем број услови“, рече Аракчи.

Би можело да ве интересира

САД: Кина го дестабилизира регионот со сомнителни изговори

Ирански медиум тврди: Моџтаба Хамнеи може да почине во секој момент

(ВИДЕО) После долго време се појави снимка од иранскиот лидер Моџтаба Хамнеи

Горан Наумовски

САД купуваат ласерски системи во вредност од 400 милиони долари за соборување на беспилотни летала

Аракчи: Иран покажа сила, муслиманските земји треба да се потпрат на сопствените капацитети

Горан Наумовски

Венс: Иран вети непречен проток на нафта низ Ормускиот Теснец