ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари

Од:

Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во девет часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али.

Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со многу висок FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет. Останатите делови од земјата се со висок FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот е низок и многу низок.

– Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа. Секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, во вакви временски услови, може многу брзо да се прошири и да зафати поголема површина, посочува Али.

Нагласува дека Центарот за управување со кризи продолжува со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС и со навремено информирање и координација на надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Во Горно Лисиче гори ниска вегетација, дрва и пченка

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни

ЦУК: Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Горан Наумовски

До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни

Регистрирани се осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола

Горан Наумовски

Пожарникарите изгаснаа 18 пожари, еден е сè уште активен

Горан Наумовски