Драма на фестивал во Германија: Експлодира плинска боца, има повредени

Од:

Десет лица се повредени во експлозија на гас на фестивалот Таубертал во Франконија, во германската покраина Баварија, објавува „Шпигел“.

Осум од повредените, на возраст меѓу 21 и 26 години, се однесени во болница, соопшти полицијата во Ротенбург об дер Таубер во округот Ансбах.

Ниедна од повредите не е опасна по живот.

Според полицијата, 26-годишен маж користел шпорет за кампување во фестивалскиот камп.

Истекувањето на гас најверојатно е предизвикано од неправилно ракување. Потоа гасот се запалил и предизвикал експлозија, при што вкупно десет лица се повредени.

Музичкиот фестивал Таубертал го слави својот 30-годишен јубилеј овој викенд со настапи на околу 40 познати бендови.

Организаторите изјавија дека оваа година се очекува околу 15.000 посетители да го посетат природниот резерват каде што се одржува фестивалот.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Силна експлозија во центарот на Атина: Загинаа американски државјани, цела зграда се урна

Предраг Петровиќ

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он