Кина до Јапонија: Не си играјте со оган

Од:

Кина денеска упати остро предупредување до Јапонија, повикувајќи го Токио да ги почитува ставовите на сопствените граѓани, да ги исполни меѓународните обврски и да се откаже од, како што наведе Пекинг, „играњето со оган“ кога станува збор за нуклеарното оружје.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијен, реагираше по објавувањето на анкета според која 76 отсто од Јапонците ги поддржуваат трите ненуклеарни принципи – Јапонија да не произведува, да не поседува и да не дозволува распоредување нуклеарно оружје на својата територија.

Истражувањето покажува и дека 77 отсто од испитаниците се против воведување модел на „нуклеарно споделување“, односно распоредување американско нуклеарно оружје во Јапонија.

Од Пекинг порачаа дека јапонските власти треба да ја почитуваат волјата на граѓаните и да останат доследни на своите меѓународни обврски поврзани со непролиферацијата на нуклеарното оружје.

Изјавата доаѓа откако јапонската влада го објави новиот извештај за одбраната, во кој Кина е означена како најголем стратешки предизвик за земјата. Во документот се наведува дека Јапонија треба да ги зајакне своите одбранбени капацитети и да се прилагоди на современите форми на војување, вклучувајќи дронови и вештачка интелигенција.

Би можело да ве интересира

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“