ФИФА се повлече од контроверзниот план, Инфантино доби едногласна поддршка

Од:

Во Рабат, Мароко, се одржа состанок на раководството на ФИФА, на кој претседателот на организацијата, Џани Инфантино, доби целосна поддршка од членовите на Управниот совет и генералниот секретар Матијас Графстром.

На средбата беше донесена одлука да се повлече предлогот за формирање на новата компанија „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), која требаше да управува со продажбата на комерцијалните и медиумските права на ФИФА, како и со организацијата на турнирите. Од светската куќа на фудбалот соопштија дека проектот е стопиран поради пропусти во подготовката.

Од ФИФА признаваат дека во процесот биле направени одредени грешки, но нагласуваат дека сите активности биле преземени во согласност со постојните правила и процедури на организацијата.

– Секогаш има простор за подобрување. Ќе ги анализираме сите забелешки и ќе продолжиме да ги унапредуваме нашите процеси, со цел програмата ‘FIFA Forward’ уште поефикасно да придонесува за развојот на фудбалот во интерес на сите 211 национални федерации, наведуваат од организацијата.

Воедно, ФИФА порача дека нема да дозволи нарушување на својот углед и дека ќе ги искористи сите расположливи механизми за негова заштита.

Контроверзниот предлог беше претставен на 28 јули и предвидуваше формирање посебна компанија на која ќе ѝ бидат пренесени медиумските и комерцијалните права, вклучително и правата за Светските првенства. Планот предвидуваше продажба на повеќе од 20 проценти од акциите на приватни инвеститори, со очекуван приход од околу 4,2 милијарди долари, средства што требаше да бидат насочени кон развојот на фудбалот ширум светот.

Предлогот предизвика силни реакции во фудбалската јавност, а во дел од европските медиуми се појавија и најави за можен бојкот на Светското првенство од страна на европските репрезентации, доколку проектот биде реализиран. Со неговото повлекување, ФИФА засега стави крај на една од најконтроверзните иницијативи во последниот период.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инфантино призна пораз, го повлече контроверзниот план за Светското првенство

Катерина Ѓуровски

Германски политичар бара забрана за Инфантино на сите стадиони во земјата

Азија против планот на ФИФА: „Ова е целосно неприфатливо“

Предраг Петровиќ

Пламна конфликт помеѓу УЕФА и ФИФА

Горан Наумовски

ФИФА го продава Светското првенство на приватни компании, Европа се подготвува за бојкот

Трамп: Сакаме уште едно Светско првенство, но без Канада и Мексико