Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Од:

Полициите на Шпанија и Еквадор разоткрија меѓународен синџир за шверц на кокаин, при што во заедничка полициска операција се запленети 21 тон дрога со висок квалитет.

Надлежните служби соопштија дека операцијата била резултат на повеќемесечна координација меѓу безбедносните органи на двете земји, насочена кон разбивање на криминална мрежа што организирала транспорт на големи количества кокаин кон европскиот пазар.

Во рамки на акцијата се спроведени претреси и приведени се повеќе осомничени, додека истрагата за утврдување на целосната структура на криминалната организација продолжува.

Властите оценија дека станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во последните години во заедничките операции на Шпанија и Еквадор.

Би можело да ве интересира

Криза во Сеута: Oколу 6.000 мигранти сè уште талкаат по улиците на градот

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Зошто Сеута е жариште за мигранти и како толку многу луѓе успеале да преминат од Мароко во Шпанија

ВИДЕО: Шпанија постави ограда долга 500 метри на границата меѓу Сеута и Мароко

ВИДЕО: Шпанија ги врати во Мароко мигрантите кои ја опседнаа конклавата Сеута