ВИДЕО: Колони и чекање на Евзони и Дојран за излез и на Табановце за влез во земјава

Од:

Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час, објави АМСМ.

Камерите на граничните премини покажуваат колони на Табановце и на Евзони. Гужва, но не во тој обем има и на преминот Дојран. За влез во Македонија има огормни редици од српска страна на Прешево-Табановце.

На Социјалните мрежи, има објави од колоните на македонска страна на премините Богродица и Дојран на кои се гледа дека има колони и чекање.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Би можело да ве интересира

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски

На Богородица и на Дојран се чека за излез кон Грција

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на „Евзони“ за да се скрати времето на чекање

Ако има големи гужви, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци