Почина Франко Барези – замина легендата на Милан и на италијанскиот фудбал

Од:

Почина фудбалската легенда на Италија и Милан, Франко Барези (66 години) веста за смртта ја потврди и неговиот клуб Милан.

Барези повеќе од една година имаше здравствени проблеми.

Барези беше заштитен знак на Милан, откако целата кариера ја мина клубот за кој дебитираше во 1978 година и одигра 20 сезони.

Мина и низ тешкиот период во клубот кога се наоѓаше во Серија Б.

Но, беше и дел од големиот Милан од крајот 80-тите и почетокот на 90-тите од минатиот век, кога тренери беа Ариго Саки и Фабио Капело, а одбраната на Милан ја сочинуваа уште Паоло Малдини, Алесандро Костакурта и Мауро Тасоти.

Како играч на Милан има шест титули првак на Италија и три титули европски шампион и повеќе од 700 натпревари.

За Италија одигра 81 натпревар и беше дел од шампионската генерација која ја освои светската титула во 1982 година.

По неговото повлекување, Милан неговиот дрес со број 6 го повлече.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Италија

Италијански новинар брутално убиен – телото му било запалено додека сè уште бил жив

Предраг Петровиќ

Во Италија запленети 770 килограми кокаин – на пакетите има српски знамиња

А1он

Мароканец почина во Болоња додека полицајци го апсеа

А1он

Екс директор осуден на 12 години затвор за уривање на мостот во Џенова

А1он

За носење влечки и сандали на планинарски патеки во Италија казна и до 2.500 евра

А1он