Германски политичар бара забрана за Инфантино на сите стадиони во земјата

Од:

Германскиот политичар Саша Биндер побара од Германскиот фудбалски сојуз (DFB) да му забрани на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, влез на сите фудбалски стадиони во Германија.

Со овој невообичаен предлог, политичарот од Социјалдемократската партија сака да испрати силна порака против, како што наведува, контроверзните планови на раководството на ФИФА.

Биндер испратил писмо до Германскиот фудбалски сојуз во кое бара преземање решителни мерки против Инфантино. Германскиот весник „Билд“ објави дека имал увид во содржината на писмото.

„Предлогот на Инфантино за продажба на комерцијалните права на Светското првенство на инвеститори е само најнов во низата погрешни и штетни одлуки. За да испратиме симболична порака, барам да му се забрани пристап на Џани Инфантино на сите стадиони на германските клубови“, напиша Биндер.

Тој додава дека на тој начин јасно ќе се покаже дека германските клубови и DFB повеќе нема да дозволат фудбалот да биде уништуван од луѓе кои, според него, не се водат од интересите на спортот, туку исклучиво од други интереси.

Со оваа иницијатива, германскиот политичар сака да ја истакне потребата фудбалот да биде заштитен од понатамошна комерцијализација и смета дека Германскиот фудбалски сојуз и клубовите треба заеднички да испратат силен сигнал до ФИФА.

Би можело да ве интересира

Фулам договори двоен трансфер од Реал Мадрид вреден 50 милиони евра

Предраг Петровиќ

Луд ден на трансфер-пазарот: Рома донесе голгетер, Челси потроши уште 61 милион, Де Зерби најави „бомба“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Гатузо го избрка најскапиот фудбалер на Лацио од тренинг

Предраг Петровиќ

Азија против планот на ФИФА: „Ова е целосно неприфатливо“

Предраг Петровиќ

Пламна конфликт помеѓу УЕФА и ФИФА

Горан Наумовски

ФИФА го продава Светското првенство на приватни компании, Европа се подготвува за бојкот