Луд ден на трансфер-пазарот: Рома донесе голгетер, Челси потроши уште 61 милион, Де Зерби најави „бомба“

Од:

Рома официјално го претстави аргентинскиот напаѓач Сантијаго Кастро како прво засилување во летниот преоден рок. Тој пристигнува од Болоња во трансфер вреден 35 милиони евра, плус бонуси, а италијанскиот клуб ќе има право и на 10 проценти од евентуалниот негов иден трансфер.

Кастро потпиша петгодишен договор со римскиот клуб, со важност до летото 2031 година, а ќе го носи дресот со број девет.

Во спротивна насока се очекува да замине Артем Довбик, кој најверојатно ќе се пресели во Болоња на едногодишна позајмица со опција за откуп од околу 17 милиони евра.

Во својата прва целосна сезона во Серија А (2024/25), Кастро одигра 36 натпревари, постигна осум голови и запиша пет асистенции, додека минатата сезона постигна седум гола и три асистенции на 35 првенствени натпревари.

Во меѓувреме, Челси продолжи со големите вложувања и го ангажираше францускиот стопер Максенс Лакроа од Кристал Палас за околу 61 милион евра. Дваесет и шестгодишниот дефанзивец потпиша договор до летото 2032 година.

Со овој трансфер, Челси веќе потроши повеќе од 340 милиони евра во актуелниот преоден рок. Најскапо засилување е Морган Роџерс од Астон Вила за 138 милиони евра, а меѓу новите играчи се и Марко Палестра, Џеовани Квенда, Емануел Емега, Денмер и Дастан Сатпаев.

Интересно е и на клупата на Тотенхем, каде менаџерот Роберто Де Зерби најави дека клубот подготвува уште едно големо засилување.

Италијанскиот стратег изјави дека летниот преоден рок за Тотенхем е завршен само околу 60 проценти и дека навивачите наскоро можат да очекуваат „бомба“. Британските медиуми наведуваат дека не станува збор за крилниот напаѓач на Манчестер сити, Савињо, иако и натаму се поврзува со лондонскиот клуб.

Тотенхем ова лето веќе потроши околу 267 милиони евра на тројца играчи – Сандро Тонали, Матеус Фернандеш и Јан Пол ван Хеке, а како слободни агенти пристигнаа Енди Робертсон, Маркос Сенеси и Мартин Дубравка.

Би можело да ве интересира

Фулам договори двоен трансфер од Реал Мадрид вреден 50 милиони евра

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Гатузо го избрка најскапиот фудбалер на Лацио од тренинг

Предраг Петровиќ

Азија против планот на ФИФА: „Ова е целосно неприфатливо“

Предраг Петровиќ

Прва победа на шампионот – Норис триумфираше на Големата награда на Унгарија

Драма во Џеда: Албанскиот боксер двапати го прати Џошуа во нокдаун, Британецот со голем пресврт најави спектакл со Фјури

Бомба во НБА: Леброн Џејмс е нов кошаркар на Филаделфија