Германската полиција денес уапси германски државјанин осомничен за напад со нож во филијала на банка во Регенсбург, во кој еден човек беше смртно повреден.
Полицијата не го објави мотивот на 20-годишниот напаѓач, ниту детали за можната позадина на злосторството, објави „Тагешау“.
Едно лице претрпе животозагрозувачки повреди во нападот со нож.
