Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Од:

Две лица загинаа, а три други беа повредени во невреме со силни ветрови и врнежи од дожд што ја погоди јужна Албанија во текот на ноќта, соопштија официјални лица.

Башким Бочи, електричар во државната електроенергетска компанија (OSSH), почина за време на интервенција кога падна од столб во Химара откако му се скина безбедносниот појас додека работеше на поправка на далновод во областа Потами околу 3 часот наутро, објавија албанските медиуми.

Во Ксамил, невремето го зафати рибарот Михал Зои во немирно море, каде што неговиот чамец се преврте, а неговото тело беше пронајдено утрово.

Во Саранда, во јужна Албанија, силните ветрови соборија десетици дрвја, оштетувајќи возила, а три лица побараа медицинска помош откако беа повредени од скршено стакло и гранки од дрвја.

Проблеми по невремето беа пријавени и во Либражд, каде што некои области сè уште немаат електрична енергија, а прекинот на електричната енергија предизвика проблеми со снабдувањето со вода за пиење, особено во Патос.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Оркански удари на ветер до 134 километри на час во вчерашното невреме, вредности блиску до историски рекорди

Катерина Ѓуровски

Над 30 повредени во невремето во Скопје третирани во болницата „Свети Наум Охридски“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

11 повредени, тројца со тешки повреди примени на Ургентен по невремето

Над 9000 повици на 112 во Скопје, штети од невремето има во голем дел од државата

Хаос и во Градски парк: огромни дрјва паднати по патеките

Катерина Ѓуровски