Хамнеи остро до САД: Договорот е прекршен, а потписот на Трамп е безвреден

Од:

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи објави писмена изјава во која тврди дека САД постојано ги прекршувале обврските од меморандумот за разбирање што двете земји го потпишаа во средината на јуни.

Врховниот лидер дополнува дека потписот на претседателот на САД Доналд Трамп под овој договор е „лишен од вредност и е неважечки“. Според Хаменеи, американските напади врз Иран се директна потврда за тоа.

Во соопштението, Моџтаба Хаменеи додава дека иранскиот народ и „фронтот на отпорот“ ќе им одржат лекција на САД која нема да ја заборават.

„Сега, кога американскиот непријател се стреми да предизвика војна, тој мора да знае дека скапоцениот ирански народ и фронтот на отпорот можат да му одржат лекција што нема да ја заборави“, порачува врховниот лидер во писмената изјава.
Тој подвлекува дека „повтореното прекршување“ на договорот, кој беше потпишан меѓу двете страни на 17 јуни со цел прекин на огнот, „уште еднаш на сите им покажа дека потписот на американскиот претседател нема никаква вредност“.

Изјавата на врховниот лидер беше прочитана од страна на портпарол на иранската државна телевизија.

Претходно денеска и иранската влада објави дека рамковниот договор меѓу САД и Иран е неважечки поради американските прекршувања на одредбите. Ваквите реакции доаѓаат во време кога Вашингтон и Техеран меѓусебно си разменуваат воени удари, откако прекинот на огнот меѓу нив целосно пропадна минатата недела.

Би можело да ве интересира

Американски шпионски авион „исчезна“ за време на патрола во близина на Русија

Трамп со жестоко предупредување: „По Израел, Иран би ја нападнал Европа“

Горан Наумовски

Иран: Најмалку 18 лица загинаа, 142 се повредени во најновите американски напади

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран започна напад врз американските бази во Кувајт: Лансирани се ракети и дронови

Горан Наумовски

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“

Трамп со порака за Иран: „Не се обидувам да ве натерам на преговори“