Европската комисија во својот најнов извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта. ЕК наведува дека нема реформи има широко распространета корупција и проблематични тендери. Ова не е општа критика – ова е директна дијагноза на состојбата во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија под актуелната влада на ВМРО-ОКГ, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.
– Она што Европската комисија го забележува како системски проблем, ние го гледаме секојдневно во конкретни постапки и одлуки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група. Ќе наведам само дел од фактите кои го потврдуваат ова мешање: Постапувањето на луѓе блиски до ВМРО во клучни позиции во правосудството е веќе системска практика. Сопруга на екс градоначалник на ВМРО беше избрана за Судскиот совет на пример. Обвинителка поврзана со Сашо Мијалков беше избрана, што покажува дека старата мрежа на криминал и контрола врз институциите повторно се враќа на власт. Поставувањето советник на премиерот Мицкоски на позиција во правосудниот систем е директно мешање на извршната власт во независноста на судството. Изборот на новиот државен обвинител беше јавно најавуван и управуван од самиот премиер Мицкоски преку телевизиска емисија, што е директна повреда на уставната независност на обвинителството. Мицкоски јавно дискредитираше обвинителка со навреди како „медиокритет“, покажувајќи дека нема намера да ја почитува волјата на професионалните тела, туку сака да наметне свои кадри. Портпаролката на Владата, Митева, знаеше податоци за судски предмет и исход пред да биде јавно соопштено. Одземањето на предметот „Талир 2“ од поранешниот обвинител е класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите. Заканите кон опозицијата од собраниската говорница, а потоа и преку медиумите, дека „ќе одговараат“, се директно кршење на принципот на независно обвинителство. Закани кон претседателот на опозиционата партија и поранешни функционери се дел од истата кампања на притисок и заплашување.
Приведување на поранешни функционери на СДСМ за време на изборната кампања се спроведуваат селективно и со јасна политичка мотивација. Јавното најавување на истраги од страна на премиерот пред да започнат постапките е грубо кршење на презумпцијата на невиност и директно мешање во работата на обвинителството. Во случајот со 5 тони дрога никој не одговараше, но по негова наредба се изврши заплена на 100 тони легален канабис за медицински цели само за да се создаде медиумска кампања. До денес нема одговор како дрогата поминала редовно преку граница, без никакви податоци од полицијата, Safe City системот и царината. Дрогата завршува во селото Коњух кај Крушевац во Србија, кај висок функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО и е директно поврзана со поранешниот директор на БИА, и министер, еден од основачите на СНС. Обвинителството ги запира истрагите против Алфа ТВ, дел од орбановата медиумска мрежа во Македонија, и покрај тоа што постојат конкретни докази во Словенија и Македонија за перење пари со цел финансирање на таканаречените „независни“ медиуми под целосна контрола на ВМРО и Мицкоски.
Уапсен е човек со оружје и дрога ама одговорност нема. Симо, човек кој го цитира Шешељ, промовира српски и руски интереси, слободно користи огнено оружје на снимки објавени на социјалните мрежи и има цел албум фотографии со премиерот Христијан Мицкоски. ДКСК и Јавното обвинителство речиси осум месеци не постапуваат по пријавите на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема никаков одговор за криминалните тендери во вредност од над 150 милиони евра. Единствениот одговор од ДКСК пристигна во форма на ДНК-извештај за биолошкиот татко на директорот на СОЗР од ВМРО – дека не му е татко. Кривичната пријава против премиерот Мицкоски поднесена поради основано сомневање дека тој или знае што се наоѓа во предметите на обвинителството или лично ги нарачал, е директен резултат на ваквата практика. Кривичната пријава експресно е отфрлена. Европската комисија го врати законот за високото обвинителство на доработка затоа што не е во согласност со препораките и не гарантира независност. Ослободувањето на Никола Груевски и враќањето на имотот стекнат со криминал („Бела палата“) во корист на ВМРО-ОКГ е најдиректниот пример за заштита на криминалот. Ослободувањето на Драган Павловиќ Латас, главниот медиумски човек на Мицкоски, е уште еден доказ дека правдата се применува селективно, според тоа колку некој е близок до премиерот. Европската комисија во својот извештај за владеење на правото јасно предупредува дека измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост, дека постои мешање и притисок врз судството од претставници на власта и дека процесот на реформи во правосудството е загрозен од политичко влијание. Сето ова не е случајно. Ова е систематска политика на контрола врз институциите од страна на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски. Целта е јасна: да се спречи независното судство и обвинителство, да се заштитат криминалците и да се продолжи со неказнивоста. Затоа ВМРО намерно го кочат процесот на пристапување во Европската унија. Европа има свои механизми за независно обвинителство. Европското обвинителство би било надлежно во Македонија па би морал некој да одговара за криминал и корупција a тоа прво Мицкоски, а потоа и сите членови на неговата организирана криминална група од ВМРО не го сакаат. Граѓаните на Македонија нема да дозволат правдата да биде инструмент во рацете на оние кои ја уништуваат државата. Време е за одговорност. Време е за независно судство. Време е за Европа, вели Кузеска.
