(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

Од:

Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата? Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја. Маврово – привремено не е за пиење. Лепенец и Вардар – бела пена, четири дена тишина.
Валандово – присуство на арсен. Лешок, колиформни бактерии. Последно и водата во Булачани не е безбедна за пиење, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

– Мицкоски и организираната криминална група ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија. Граѓаните пијат отров. А одговорни – нема. Мора да се знае кој е одговорен за извештајот од анализите на водата. Мора да знаеме кој ќе сноси кривична одговорност за тоа што се случува низ целата држава. СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во цела Македонија. Во осум населени места има отровна вода, цел град е отруен со над 4.000 луѓе на кои им била потребна лекарска помош. Не само политички, и кривично треба да одговараат, Клековски, Андоновска, директоритите на локални Центри за јавно здравје, сите кои знаеле а криеле, кои не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните. За труењето на цела Македонија мора да има кривична одговорност, нагласи Кузеска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните