(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Од:

Секој ден излегуваат нови детали кои го потврдуваат она за што СДСМ предупредува: под радарот, далеку од очите на граѓаните, се договараат бизниси со стратешките ресурси на Македонија: водата, струјата, земјата. Мицкоски вели дека се ќе биде транстапрентно а јавно признава дека преговара со 5-6 инвеститори. Со кого се договара Мицкоски „под радарот“ никој не знае. Имиња не се објавуваат. На кого Мицкоски му ги става на располагање водата, земјата и струјата на Македонија? Колку ќе ги чини тоа граѓните? Пари, вода, плодно земјиште? Граѓаните не знаат ништо. Мицкоски работи „под радарот“, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

– Затоа вчера го пушти пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, да го правда. За кредибилитетот на Лефков нема да трошиме ниту збор граѓаните многу добро знаат дека го нема. Но тврдењата дека комерцијалните дата центри имаат врска со Реформската агенда со Европската Унија е класична лага. Што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центари што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?

Апсолутно ништо. Станува збор за две сосема различни работи. ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии. Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити. Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори? За приватните инвестиции кои Мицкоски ги договара „под радарот“да ги покријат со европската Реформска агенда која не ја исполнија, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра