Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Од:

Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин Р.Е.

Претходно, на граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „БМВ“ со косовски регистарски таблички, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал цариникот и го влечел неколку метри, по што со голема брзина избегал кон Скопје.

По пријавата, полицијата веднаш презела мерки, а возилото било лоцирано и запрено на „Јадранска магистрала“, каде што осомничениот бил лишен од слобода.

При преглед на теренот била пронајдена кеса со марихуана, додека во возилото полицијата открила и џебен нож. Според МВР, приведениот изјавил дека за време на бегството фрлил уште една кеса во која имало два пиштола.

Р.Е. е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ