ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

Од:

Левица и СДСМ упатија остри критики кон министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако МВР распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – „Цуната“, кој избега од полициска станица во Кочани.

Од Левица посочуваат дека Лазаров, според сведочења во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, бил препознаен како лице кое продавало дрога во клубот. Партијата оценува дека неговото бегство не може да се смета за случаен пропуст, особено во контекст на, како што велат, сознанијата за институционална заштита што ја уживал клубот.

Според Левица, судската постапка покажува дека „Пулс“ функционирал со години во услови на институционална неказнивост, при што сопствениците добивале информации за претстојни полициски и инспекциски контроли, а истрагата отворила сомнежи за вмешаност на полициски службеници и други функционери.

Партијата потсетува дека претходно поднела интерпелација за министерот Тошковски, обвинувајќи го за системски пропусти и селективно постапување. Од Левица наведуваат дека, според нив, постојат две можни објаснувања за бегството на Лазаров – или МВР е нефункционално, или криминалните структури сè уште имаат свои луѓе во институциите.

И СДСМ побара одговорност од министерот за внатрешни работи, оценувајќи дека станува збор за „тотален распад“ на безбедносниот систем.

Од опозициската партија тврдат дека Лазаров, кого го поврзуваат со дискотеката „Пулс“, успеал да избега поради пропусти во постапувањето на полицијата. Според СДСМ, распишувањето меѓународна потерница следело дури по неговото бегство.

Партијата наведува дека случајот претставува уште еден пример на, како што велат, нефункционирање на институциите и побара целосно расчистување на случајот, утврдување на одговорност кај сите инволвирани и оставка од министерот Панче Тошковски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста

(ВИДЕО) Апасиев кон Мицкоски: Вие сте како кнезот Потемкин – Владата ви е привид, лага и измамничка фасада

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер

А1он