(ВИДЕО) Падна далновод во Шпанија и предизвика пожар, најмалку 12 лица загинаа

Од:

Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во близина на Лос Гаљардос во југоисточната шпанска покраина Алмерија, потврди регионалната влада на Андалузија. Шестмина други се повредени. Пожарот избувнал среде продолжен топлотен бран што ја зафати јужна Европа, јавува Би-Би-Си.

Некои од жртвите се пронајдени во запалените возила. Сведоците рекле дека пожарот бил предизвикан од паднат далновод, кој брзо се проширил во блиската шума. Властите сè уште официјално не ја потврдиле причината.

Температури од околу 40 степени Целзиусови предизвикаа шумски пожари во неколку земји. Стотици пожарникари се борат со големи пожари во Франција, Португалија и Шпанија, а илјадници луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

„Бројот на жртви во пожарот во Лос Гаљардос се искачи на 12 откако беа потврдени уште шест смртни случаи“, се вели во соопштението на регионалната влада на Андалузија.

Претседателот на регионалната влада, Хуанма Морено, ги нарече смртните случаи „трагедија“. Откако беше објавен првиот број на жртви од шест, тој напиша на страницата на социјалните медиуми X: „Нашите срца се тешки и сме преплавени од тага“.

Околу 150 пожарникари работеа на гаснење на пожарот во селото Бедар. Меѓу повредените, едно лице беше однесено во болница поради вдишување чад, а друго се здоби со изгореници. Четири лица беа згрижени на местото на настанот поради помали изгореници и проблеми со дишењето предизвикани од густиот чад. Пожарот ги затвори патиштата, а службите за итни случаи соопштија дека 1.000 жители се евакуирани.

Премиерот Педро Санчез во мај објави дека Шпанија ќе го активира својот најголем механизам за борба против летните шумски пожари досега оваа година, објавија локалните медиуми и АФП. Единицата за вонредни ситуации (UME) на војската, која е распоредена во вонредни ситуации, ќе се придружи на борбата кај Лос Галардос.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Андалузија погодена од најразорниот пожар досега, 12 лица загинаа

Горан Наумовски

Голем пожар во Атина, повредни се 11 лица

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски