СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Од:

Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“. Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот, велат од СДСМ.

– Додека граѓаните живеат крпен живот, од ден во ден се се посиромашни, Мицкоски не презема ништо. Затоа секоја изјава му е „наскоро ќе види“. Тоа „наскоро“ не ги полни фрижидерите на граѓаните, ниту ги плаќа сметките. Секое зголемување на цените на горивата директно ги зголемува транспортните трошоци, а тоа повторно се прелева во повисоки цени на храната. На крајот, сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот. Скоро 70.000 денари му се потребни на едно четиричлено семејство само за покривање на основните животни трошоци.

Инфлацијата ја јаде куповната моќ. Со ребалансот и нагорното ревидирање на инфлацијата на 4,5%, Владата призна дека цените ќе продолжат да растат. Тоа значи уште поскапа храна, уште повисоки сметки, уште поскап и потежок живот. Помала вредност на платите и пензиите. Помала куповна моќ. А Мицкоски не сака да слушне за 600 евра минимална плата и мерки. Не прифати ниту една мерка од СДСМ, ниту за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, ниту поддршка за најранливите категории граѓани. Наместо конкретни мерки тој вели во четири очи со компаниите ќе ги решавал високите цени – класична манипулација и замајување на јавноста.

Нема конкретна политика, ниту мерка за намалување на цените – Мицкоски уште ќе „чека“. Ама затоа за задолжувања за партиските тендери не чека – тоа оди експресно. За две години екпспресно направија нов долг од 2,5 милијарди евра, не за 600 евра минимална плата, не за мерки за граѓаните, не за капитални проекти – само за криминални тендери на расипничката ВМРО. Вистината е дека оваа Влада за две години го донесе народот до дното на сиромаштија. Се покажува дека немаат ниту план, ниту желба за заштита на економијата и животниот стандард на граѓаните. Последиците од неспособната ВМРО граѓаните секој ден ги чувствуваат на бензинските пумпи, во маркетите и во своите празни паричници, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски