За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

Од:

СДСМ остро ги отфрли обвинувањата дека е против гласањето на дијаспората, нагласувајќи дека се спротивставува на, како што велат, можноста за изборни злоупотреби.

Од партијата тврдат дека по блокирањето на предлогот за електронско гласање, власта сега се обидува да воведе гласање по пошта, што според нив отвора простор за манипулации и не обезбедува доволна контрола врз идентитетот на гласачите и тајноста на гласот.

СДСМ бара решението за гласањето на дијаспората да биде усогласено со консензус и регулирано преку Државната изборна комисија (ДИК), оценувајќи дека нема да прифати измени кои, според нив, создаваат ризик од изборни нерегуларности.

Левица, пак, соопшти дека нивните клучни барања во работната група за нов Изборен законик – една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање – не биле прифатени.

Од партијата велат дека електронското гласање на дијаспората не било дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ниту било тема околу која бил постигнат консензус, туку било вметнато во завршната фаза од подготовката на законските измени.

Според Левица, фокусот треба да биде ставен на воведување една изборна единица, што, како што оценуваат, би обезбедило поправеден изборен систем и еднаква вредност на секој глас, наместо на нови модели за гласање на дијаспората. Тие обвинуваат дека предложениот текст на Изборниот законик не ги содржи договорените решенија и дека ги фаворизира интересите на најголемите политички партии.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел