Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

Од:

Во услови на прогласена кризна состојба поради зголемениот ризик од пожари на отворен простор и шумски пожари, денеска во Центарот за управување со кризи се одржа првата координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи, на која беше усвоен акциски план за превенција и справување со пожарите и беше оценета подготвеноста на надлежните институции за координирано дејствување, соопштуваат од ЦУК.

На седницата присуствувале директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, заменик-директорот Трајче Јовановски, раководителот на Главниот штаб, Стојанче Ангелов и преставници од МВР, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Црвениот крст, Министерството за здравство, Итната медицинска помош, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и други надлежни институции.

Од ЦУК соопштија дека на седницата била разгледана актуелната состојба со пожарите и подготвеноста на институциите за координирано постапување во услови на кризна состојба.

„Главниот штаб го усвои Акцискиот план за превенција и справување со пожарите, со кој се предвидува координирано ангажирање на човечките и материјално-техничките ресурси, подобрување на меѓуинституционалната координација и обезбедување постојана комуникација за навремена реакција при пожари“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Горан Наумовски

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете