Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Од:

Краткото невреме проследено со силен дожд и ветер, кое го зафати Струмичко попладнево, предизвика неколку пожари во кои интервенираа тимови на ТППЕ Струмица во селата Моноспитово, Куклиш и Градско Балдовци каде имало запалено електричен столб и кабли, а на улица „Климент Охридски“ е интервенирано на запалено електрично броило, информираа струмичките пожарникари.

Во населеното место Банско, пак, е интервенирано на отстранување на паднато дрво на патот, а во село Дорломбос на шумски пожар.

Од ТППЕ Струмица посочуваат дека пожарите биле навремено локализирани и целосно изгаснати, со што е спречено нивното понатамошно ширење и предизвикување поголема материјална штета.

Според информации од селата под планината Беласица од градот се оштетени посеви на отворено во Колешино и Борисово засеани со лубеница, но и во други села каде ветрот предизвика штета на пластеници.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти