Пресврт: Трамп сега „е импресиониран“ од успесите на Украина во војната со Русија

Од:

За време на вечерата минатата недела во Евиан-ле-Бен, каде што се одржа самитот на Г7, американскиот претседател Доналд Трамп му рече на својот украински колега Володимир Зеленски дека е импресиониран од неодамнешните воени успеси на Киев.

„Фајненшл тајмс“ објави дека украинските функционери, кои зборуваа под услов на анонимност, веруваат дека постојат знаци дека Трамп станува сè порасположен да го поддржи Киев посилно и можеби е поподготвен да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната.

Сепак, тие остануваат претпазливи кога станува збор за тоа дали американскиот претседател ќе го одржи својот збор, потсетувајќи дека претходно дал ветувања што не ги исполнил.

По средбите меѓу Зеленски, Трамп и другите лидери, украинските функционери наведуваат дека се умерено оптимисти кога станува збор за напредокот во испораката на ракетите пресретнувачи „Патриот“ и издавањето лиценци за производство на оружје.

На самитот на Г7 минатата недела, Трамп беше „исклучително импресиониран и воодушевен“ од неодамнешната кампања на Украина за напади со долг дострел против цели длабоко во Русија, изјавија за „Фајненшл тајмс“ два извори запознаени со приватните разговори на лидерите.

Зеленски по вечерата изјави дека Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио „за прв пат дадоа позитивен одговор на прашањето за лиценци“ за ракети-пресретнувачи „Патриот“.

Европските престолнини ја искористија она што се чини дека е промена во ставот на Трамп кон војната, вклучително и неговото растечко верување дека руската победа не е неизбежна, за да се залагаат за посилна поддршка за Киев.

„Кога Украина е соодветно снабдена, таа може да постигне вистински оперативни резултати. Руските одбранбени линии не се непробојни“, рече висок воен функционер на НАТО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците првпат спасија војник од „зона на смртта“ со дрон

Катерина Ѓуровски

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците му нанесоа огромна штета на „рускиот Гугл“

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето