Либан е главна тема на преговорите на Иран со САД

Од:

Иран денеска соопшти дека ситуацијата во Либан, каде израелската војска речиси секојдневно спроведува напади против Хезболах, ќе биде главна тема на преговорите со САД што се одржуваат во Швајцарија.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека „ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски кон Либан“ и дека тоа ќе биде централна тема на денешните разговори.

Во видео-изјава објавена преку иранските државни медиуми тој додаде дека прекинот на непријателствата во Либан е клучен за Иран, како и дека ќе се разговара и за одмрзнување на ирански средства и продажба на нафта.

Разговорите меѓу Иран и САД со посредство на Пакистан и Катар, ќе траат еден ден.

Двете земји во средата потпишаа меморандум за разбирање со цел постигнување траен мир на Блискиот Исток, но договорот е нарушен од продолжени израелски воздушни напади и судири меѓу Израел и Хезболах.

Либански медиуми соопштија дека во израелски напад во долината Бекаа загинале пет лица, меѓу кои и едно дете, додека израелската војска соопшти дека ги завршува своите „превентивни“ операции во Либан.

Иран смета дека израелските напади претставуваат кршење на договорот и дека одговорноста за тоа ја носат САД.

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, пристигна во Швајцарија на мировни преговори, изразувајќи надеж за напредок околу нуклеарната програма и прекинот на огнот во Либан.

Иранската делегација, предводена од главниот преговарач, Мохамад Багер Калибаф, веќе пристигна на местото на преговорите, заедно со министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, и други високи претставници.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан: Нема да се откажеме од правото да збогатуваме ураниум

Ванс: Голем напредок во преговорите за Иран и Либан во Швајцарија

Смотрич: Израелските одбранбени сили остануваат во безбедносната зона во Либан

Горан Наумовски

Иран: Ормутскиот теснец ќе остане затворен додека не се исполнат условите

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Џеј Ди Венс пристигна во Швајцарија на клучни разговори со ирански претставници