Пезешкијан: Нема да се откажеме од правото да збогатуваме ураниум

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Техеран нема да се откаже од своето право да збогатува ураниум, но дека е подготвен да даде гаранции дека земјата не се стреми да произведува или поседува нуклеарно оружје.

– Она што го бараат Соединетите Американски Држави е Иран да не гради атомска бомба. Ова не е ништо ново, а ние можеме и писмено да изјавиме дека немаме намера да градиме бомба, рече Пезешкијан.

Пезешкијан нагласи дека Иран нема да се откаже од своето право да збогатува ураниум и дека „другата страна нема да има друг избор освен да го прифати ова право“.

Би можело да ве интересира

САД нудат до 10 милиони долари за информации за лидерите на ИРГК

САД ќе ги укинат визите за до 200.000 странци кои побарале азил

Авион на американските воздухопловни сили слета во Москва

ВИДЕО: Иран има одговор на економскиот удар од САД

САД ја започнаа операцијата „Економски егзил“

Трамп: Иран доживува целосен колапс