Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Од:

Трите малолетни деца кои вчера беа пронајдени во бессознание биле донесени во Општа болница Куманово каде и биле прегледани од педијатар и од интернист. Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник, откако биле пронајдени вчера на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Од болницата информираат дека при приемот децата биле стабилни, но во запуштена состојба, свесни, со проширени зеници и промени во однесувањето.

– Децата беа прегледани од педијатар и интернист согласно возраста, а беше повикан и социјален работник. Во присуство на социјален работник и инспектори од МВР, родителите изричито одбија понатамошна опсервација и лабораториски испитувања, и покрај инсистирањето да останат за дополнителни иследувања – информираат од болницата.

Од здравствената установа ддаваат дека родителите си ги презеле децата, иако биле упатени за испитувања на Клиниката за детски болести, Токсикологија за токсиколошки анализи и понатамошно испитување, како и на детска психијатрија.

Од Центарот за социјални работи Куманово денеска информираат дека за случајот биле известени телефонски од социјалниот работник во Општата болница Куманово и веднаш воспоставиле контакт со СВР Куманово.

– Од наша страна веднаш беше контактиран инспектор од СВР Куманово кој разговарал со децата и родителите. Децата биле свесни и според нивното кажување спиеле кога биле затекнати од непознато лице – информираат од Центарот.

Оттаму сооштија дека биле известени оти лекарот дал упати за дополнителни анализи, но родителите сметале дека нема потреба од нивно спроведување.

– Семејството е евидентирано во Центарот и претходно е постапувано по однос на деца на улица. За конкретниот настан родителите и децата веднаш се повикани во Центарот и ќе постапиме согласно нашите надлежности – информираат од Центарот за социјални работи.

Децата претходно биле евидентирани во Центарот за социјални работи заедно со мајката при питачење низ кумановските улици.

Претходно, СВР Куманово информираше дека три малолетни деца, петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванаесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово.

Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10.40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепило.

Би можело да ве интересира

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ