Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Од:

Со новиот правилник за снабдување со електрична енергија, РКЕ повторно отвора простор за незаконско фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка, односно паушални сметки, во случаи кога броилото не било отчитано, велат од Левица.

– Иако, Законот за енергетика е јасен, согласно член 185 став 2, фактура врз основа на претпоставена потрошувачка може да се издаде само „ако не е извршено мерење на потрошената електрична енергија“. Во случај броилото да не е отчитано, тоа не значи дека не е извршено мерење! Броилото ја мери потрошувачката континуирано. Проблемот е што операторот не ги отчитува измерените вредности, односно законски не е обврзан да инвестира во системи за прибирање на податоците, со цел да не ги осиромашува граѓаните со испраќање на машинско генерирани сметки.

Со правилникот, преку член 32 РКЕ и овозможува на ЕВН да прави паушални сметки кога броилата не се отчитани, иако тие реално ја мерат потрошувачката. Така граѓаните плаќаат однапред по претпоставка, а ЕВН веднаш го зголемува своето кеш конто. Порамнувањето доаѓа подоцна, но парите веќе се кај компанијата. Ова е скриен ликвидносен механизам на товар на потрошувачите.

Во скалест тарифен модел паушално изготвена месечна фактура секогаш е на штета на потрошувачот. Граѓаните плаќаат нереални и повисоки фактури, а корекција е можна само доколку се поднесе приговор. Поради тоа што не секогаш се даваат приговори за паушалните месечни фактури, со тоа ЕВН буквално масовно го ограбува народот. Па така, РКЕ спротивно на законот со новите правила овозможува масовен грабеж на граѓаните.

Значи, мерење има, но нема отчитување. Токму тука е правната измама која што со подзаконски акт се изедначуваат два различни поими за да се оправда издавање фактури по претпоставена потрошувачка, спротивно на законот. Правилникот за снабдување со електрична енергија не смее да го менуваат Законот за енергетика. Подзаконски акт не може да го менува законот и создава еханизам снабдувачот да наплаќа паушално кога броилото реално ја измерило потрошувачката.

Левица бара итно и неодложно усогласување на правилникот за снабдување со електрична енергија со Законот за енергетика и корекција на член 32. Односно РКЕ да ја натера ЕВН да инвестира во систем за отчитување и далечинско динамично менување на тарифите спорд условите на пазарот во однос на ефитната енергија и можностите за искористување. Измерената потрошувачка мора да биде основа за фактурирање, а не претпоставка, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица