Багеи: Се согласивме за поголемиот дел од нацрт-договорот, нема компромис за „црвените линии“

Од:

Иран се согласи на најголемиот дел од нацртот на потенцијалниот договор со Соединетите Американски Држави, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи и посочи дека Иран нема да прави компромиси кога станува збор за нивните „црвени линии“.

Багеи нагласи дека Иран сè уште не донел конечна одлука за договорот, додавајќи дека поголемиот дел од текстот е завршен, иако САД „постојано ја менуваа својата позиција“, пренесува Ал Џезира.

Тој рече дека Катар и Пакистан активно учествуваат во посредничките напори, но дека неодамнешните акции на САД, имено нападите врз Иран, влијаеле на дипломатскиот процес.

Би можело да ве интересира

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Раководството на САД е поделено околу продолжувањето на воените операции во Иран

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Иран: Нетанјаху избега од Израел

Горан Наумовски